МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ „Зегин Опен 2022“ овој викенд во Берово (ВИДЕО)

Наградниот фонд на турнирот изнесува 5.000 евра, а за сите натпревари, истакнаа организаторите, ќе бидат ангажирани сертифицирани судии.

54

Во организација на пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово, Пингпонгарската Федерација на Македонија и компанијата „Зегин“ на 17 и 18 септември, во салата „Македонски бранители“, за прв пат ќе се одржи меѓународниот турнир во пинг понг „Зегин Опен 2022“.

На турнирот ќе земат учество околу 100 играчи од Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Косово, а ќе се натпреваруваат во четири категории, сениори, сениорки, јуниори и јуниорки.






Сите натпревари ќе бидат организирани во две нивоа на натпреварување, и тоа: квалификации по групи и систем на елиминација. Прво и второпласираните натпреварувачи од групите се пласираат по систем на еднократна елиминација, додека сите натпревари се играат во систем подобар од 5 сетови, полуфинале и финале се играат во систем подобар од 7 сетови.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 5.000 евра, а за сите натпревари истакнаа организаторите ќе бидат ангажирани сертифицирани судии.

– Со ова се докажува дека Берово и нашиот беровски пингпонгарски клуб „Зегин“ кој е најбрзорастечки клуб во Македонија, полека го зазема приматот на град на пинг-понгот – велат организаторите.

На претстојниот меѓународен турнир во пинг-понг, се очекуваат голем број посетители, додека натпреварите се играат со почеток од 9 часот.

Поврзани содржини
na