„МЕ ИЗОЛИРАА И МИ ВРШЕА ПРИТИСОК ДА ПОТПИШАМ“ Мбапе го тужи ПСЖ за психолошко малтретирање

Паралелно со судскиот процес, постои и финансиски спор помеѓу напаѓачот и клубот, бидејќи ПСЖ не му ја исплатил последната плата според важечкиот договор.

373

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе поднел тужба против својот поранешен клуб Пари Сен Жермен, обвинувајќи го за психолошко малтретирање и притисок. Според париското обвинителство, на 16 мај Мбапе поднел формална жалба во која наведува дека бил подложен на психолошка траума, а клубот се обидел да го принуди да потпише нов договор во текот на летото 2023 година.

Дополнително, Мбапе тврди дека бил изолиран од тимот, со што му била нанесена дополнителна штета како професионален фудбалер и личност.






Паралелно со судскиот процес, постои и финансиски спор помеѓу напаѓачот и клубот, бидејќи ПСЖ не му ја исплатил последната плата според важечкиот договор. Овој расплет се случува во период кога е веќе познато дека Мбапе се сели во Реал Мадрид, каде ќе ја продолжи кариерата.

Случајот ја потресе француската спортска јавност, бидејќи ретко се случува еден од најголемите фудбалери на денешницата јавно да обвини клуб од калибарот на ПСЖ за малтретирање и уцени.

Поврзани содржини