Меџити контра Груби за распределбата на рамковните, стравува дека тие ќе останат без работа

На вчерашната седница на Собрание, се воздржав од гласање на Законот за распределба на административците. Мојте резерви се насочени кон заштита на 1.300 вработени Албанци, кои преку овој закон се плашам да не бидат избркани од работа. Моделот „земи или остави“ остава простор на овие луѓе да им се понудат работни места кои не се соодветни на нивните амбиции и образование.

1,106

Координаторот на пратеничката група и потпретседател на ДУИ Изет Меџити се воздржал од гласање на вчерашната собраниска седница за законот со кој треба да се распределат рамковно вработените, кој седат дома и земаат плата, а чиј предлагач е Министерството за политички систем предводено од сопартиецот  и прв вицепремиер Артан Груби. Меџити за ова информира преку Фејсбук.

Судирот помеѓу Меџити и Груби датира од формирањето на Владата. Тогаш Меџити се закани дека нема да ја гласа Владата доколку Груби и Бујар Османи станат дел од извршната власт. Сепак Меџити ја гласаше Владата, но најави дека по 100-те дена на Владата ќе излезе со забелешки за работата и најави можна интерпелација за Османи и за Груби. Засега тој не одговара дали ќе поднесе интерпелации за сопартијците.






– На вчерашната седница на Собрание, се воздржав од гласање на Законот за распределба на административците од  програмата К-5, поради сомневања во некои точки од законот. Мојте резерви се насочени кон заштита на 1.300 вработени Албанци, кои преку овој закон се плашам да не бидат избркани од работа. Моделот „земи или остави“ остава простор на овие луѓе да им се понудат работни места кои не се соодветни на нивните амбиции и образование или развој или кои не се во согласност со првите планови кога тие луѓе се вработени – вели Меџити.

Според него, тие 1.300 луѓе не се паразити, напротив, тие се оштетени бидејќи не им е дадена вистинска шанса да работат и да се докажат.

– Меѓу нив има млади луѓе кои студирале, завршиле факултет и имале амбиции да напредуваат во кариерата, но тие стагнирале на едно место. Да работеа, со своето искуство денес ќе беа на челните позиции на институциите. Замислете сега, по 10 години „искуство“ да понудите работа како службеник во клиниката, а тој дипломирал како адвокат и потпишал договор за вработување во Дирекцијата за јавни приходи.  Тоа што на овој закон му недостасува е транспарентност за работните места каде ќе бидат распределени. Оваа анализа секако постои, но не е презентирана. И, конечно, овој закон не го решава проблемот. Овој закон само го пренесува проблемот од Министерството за политички систем на Министерството за информатичко општество, бидејќи, според законот, лицата кои нема да добијат работа, само автоматски влегуваат во „Листа за трансфери“ и од тука не е јасно што ќе се случува понатаму – напиша Меџити.

Поврзани содржини