МЕЏИТИ ГО ЗАСИЛИ ТИМОТ СО ПРОФЕСОРОТ БУЈАМИН БЕЛА Ќе биде советник за економски и за буџетски прашања
Бела е академик со докторат во областа на менаџментот од Универзитетот во Истанбул, институција со меѓународна репутација.
Кога стратешките одлуки ја определуваат иднината на Чаир, неопходно е да се вклучат експерти кои ќе ги водат процесите напред, рече првиот заменик-премиер и кандидат на Вреди за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, претставувајќи го најновиот член на својот тим.
Универзитетскиот професор Бујамин Бела му се приклучи на тимот на Меџити како советник за економски и за буџетски прашања.
Тој носи со себе значајна експертиза и јасна професионална визија за развој на општината.
Бела е академик со докторат во областа на менаџментот од Универзитетот во Истанбул, институција со меѓународна репутација.
Се има истакнато како извонреден студент, а денес е признат професионалец со длабоко знаење, кое сега ќе го стави во служба на Чаир.
„Добредојде во победничкиот тим, професоре!“, напиша Меџити на Фејсбук.