МЕЏИТИ БАРА 22 ВОЗИЛА ЗА ИТНАТА ПОМОШ Службата има зголемен обем на работа

166

Министерството за здравство доставило барање до Владата за набавка на нови 22 возила за потребите на Итната медицинска помош, кои се планира да бидат распределени во целата земја со цел да се обезбеди поефикасна здравствена заштита за пациентите.

Здравствените работници во ЈЗУ Здравствен дом Скопје ја поздравија оваа информација од министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денеска беше во посета на службата за Итна медицинска помош во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Скопје.






Министерот ја посети Службата која периодов е со зголемен обем на работа поради високите температури кои ја зафатија земјава.

Најавената иницијатива за набавка на нови возила ќе биде од големо значење за унапредување на нивната работа.

 

Поврзани содржини