„МЕ ИСКОРИСТИ, НЕ ЗНАЕВ КОГО ВОЗАМ“ Осомничениот кој го возеше Палевски на релација Белград-Бугарија-Турција негира вмешаност во случајот

Откако бил уапсен на граничниот премин С.Д: детално ги кажал плановите и локациите на бегалецот Палевски за тоа каде ќе престојува во Турција по што според извори од истрагата, МВР ја известува турската полиција да го уапси.

9,067

Осомничениот струмичанец С.Д. кој е во притвор бидејќи го возел Љупчо Палевски, главниот осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, изјави дека не знаел кој бил со него во автомобилот, а за вмешаноста на Палевски дознал дури вечерта на 3 декември, истата вечер кога Обвинителството објави дека Палевски бил организатор и извршител на убиствата, пренесува Скопје 1.

С.Д. наводно во полиција рекол дека Палевски го искористувал.






С.Д. со бел џип „ленд ровер“ го пренесувал Палевски од Белград, преку Бугарија до Турција. Во Бугарија влегол преку преминот Калотина, а понатаму во Турција преку преминот Капитан Андреево. С.Д. бил фатен на враќање при влез во Македонија од преминот Дојран. Одреден му е притвор од 48 часа.

Но тој самиот си постирал слики на ФБ од рутата токму на денот кога се возел со осомничениот за убиство Палчо.

Дополнително, Димковски си објавил и слика со првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

СИ ПОСТИРАЛ СЛИКА ОД ПАТОТ, УШТЕ ДА ГО „ТАГНЕЛ“ ПАЛЧО ДЕКА ПИЕ КАФЕ СО НЕГО Стефан Димковски го возел осомничениот Палевски кон Турција

 

 

Поврзани содржини