МБАПЕ МУ СЕ ИЗВИНИ НА ИГРАЧОТ ОД АЛАВЕС За малку ќе му ја скршеше ногата на Бланко

Тоа беше тежок удар. Зборував со Килијан, тој се извини и нема никакви проблеми. Такви моменти се случуваат во фудбалот, изјави Антонио Бланко по тешкиот прекршок над него во 31. коло од шпанската Ла Лига.

690

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе му се извини на играчот на Алавес, Антонио Бланко по тешкиот прекршок над него во 31. коло од шпанската Ла Лига.

Вчера Реал Мадрид го победи Алавес на гости (1:0). „Кралевите“ одиграа дел од натпреварот со еден играч помалку, откако Мбапе беше исклучен во 38. минута. Ова е негово прво исклучување за Реал Мадрид.






Судијата Цезар Сото Градо му покажа црвен картон на Килијан Мбапе.

Мбапе го доби првиот црвен картон за Реал Мадрид. Французинот за малку ќе ја скршеше ногата на противникот и може да го пропушти Ел Класико.

– Тоа беше тежок удар. Зборував со Килијан, тој се извини и нема никакви проблеми. Такви моменти се случуваат во фудбалот – изјави Бланко за „AS“.

Според изданието, Мбапе сам дошол во соблекувалната на противникот за да се извини за прекршокот.

Оваа сезона Мбапе одигра 48 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања, постигнувајќи 32 гола и четири асистенции.

Поврзани содржини