МБА: Пензиите во банките можат да се подигнат според утврдените групи

Од МБА апелираат пензионерите кои немаат дебитни картички да ја искористат посетата на филијалите и експозитурите заи подигнување готовина од мајската пензија, да пополнат барање за изработка на дебитна картичка.

540

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на мајските пензии почнувајќи од среда 27 мај.

„Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе во среда, 27 мај 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата мајска пензија3, соопштија од МБА.






Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, како што е соопштено и овојпат ќе се спроведе во групи, според следниот распоред:

– во среда, 27 мај – пензии во висина до 11.000 денари;

– во четврток, 28 мај – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– во петок, 29 мај – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– во понеделник, 01 јуни – пензии во висина над 18.000 денари.

Од МБА апелираат пензионерите кои немаат дебитни картички да ја искористат посетата на филијалите и експозитурите заи подигнување готовина од мајската пензија, да пополнат барање за изработка на дебитна картичка.

– Со тоа, при исплатата на следната пензија, физичкото присуство во експозитурите и филијалите ќе биде помало, а секој пензионер ќе има лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време- велат од МБА.

Оттаму потсетуваат дека корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласна со насоките.

 

Поврзани содржини