МАЗУТОТ ПОСКАПИ ВТОР ПАТ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА Нема промена на цената кај бензините и дизелот

 „Еуросуперот“ од 95 октани ќе продолжи да се продава по цена од 82 денари за литар, „еуросуперот“ од  98  ќе се продава по 84,5 денари за литар, додека дизелот ја задржува истата цена од 73 денари за литар.

113

Регулаторната комисија за енергетика одлучи од вечерва на полноќ да не се менува цената на бензините и на  дизелот. Единствено поскапува мазутот, втор пат за една недела.

„Еуросуперот“ од 95 октани ќе продолжи да се продава по цена од 82 денари за литар, „еуросуперот“ од  98  ќе се продава по 84,5 денари за литар, додека дизелот ја задржува истата цена од 73 денари за литар.






Цената на екстра лесното масло останува 72 денари за литар.

Мазутот поскапува за 1,1 денар, и ќе се продава за 38,7 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка од 27.3.2023 година  бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,285 %, кај дизелот намалување за 1,124%, кај екстра лесното масло намалување за 1,06% и кај мазутот има зголемување за 4,500%.

Поврзани содржини