МАЖОТ ЈА НАПАДНА ДОДЕКА ТАА ГО ДРЖЕШЕ ДЕТЕТО Видео го вознемири регионот, луѓето го осудија насилството

Од профилот на кој е објавена снимката упатен е апел сите да го споделат нецензурираното видео, со прашање дали некој ќе реагира.

5,088

Видео од жена која бидува претепана од маж држејќи го своето дете во рацете брзо се шири на Инстаграм, откако беше споделено на српскиот канал „Стоп за насилството“. На почетокот на снимката, жената која постојано плаче, седи вознемирена и исплашена на работ од креветот. Го држи детето во раце. Набрзо ѝ приоѓа маж, ја удира по носот и пробува да ја дави туркајќи ја на креветот. Не е познато каде се случил настанот.

Од профилот на кој е објавена снимката упатен е апел сите да го споделат нецензурираното видео, со прашање дали некој ќе реагира. Луѓето во Србија гласно го осудуваат видеото.

 






Кон крајот на минатиот месец слично страшно видео од семејно насилство кое протече во јавноста. На видеото се гледа моментот кога мајка си ја тепа својата ќерка , која нема повеќе од три години.

 

Јавноста беше потресена и од снимката од Кинез кој брутално ја претепува својата ќерка среде тениски терен во Белград затоа што, наводно, не тренирала доволно. Српските власти подоцна изјавија дека го уапсиле човекот.

 

 

Поврзани содржини