МАЖ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ КУМАНОВО Две возила се судриле на крстосница

Во несреќата учествувале „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки и возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки.

998

Педесет и тригодишен маж е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Куманово-Крива Паланка, информира СВР Куманово.

Несреќата се случила вчера наутро, околу седум часот и триесет минути, на крстосница од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, со локален пат кон селото Клечовце и локален пат кон селото Макреш, општина Старо Нагоричане.






Во несреќата учествувале „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од селото Младо Нагоричане, и возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(42) од скопското село Долно Соње, по што Г.С. бил тешко повреден.

 

Поврзани содржини