МАЖ ПРОНАЈДЕН ПРЕТЕПАН ВО „ГОЛФ“ Тешко повреден охриѓанец во паркирано возило
Повредениот бил итно пренесен во болница во Струга, полицијата ги утврдува околностите под кои дошло до инцидентот.
40-годишен маж од Охрид е тешко повреден, откако бил пронајден во паркирано возило на локален пат во струшкото село Ливада, информира полицијата.
Инцидентот бил пријавен во раните утрински часови, околу 02:37 часот, кога било забележано дека мажот се наоѓа во патничко возило „голф“ со охридски регистарски таблички, со видливи повреди по телото.
Повредениот, идентификуван како Џ.Д.П. (40) од Охрид, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Струга, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Засега не се соопштуваат детали за тоа како дошло до повредувањето, а од полицијата велат дека се преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои настанал инцидентот.