МАЖ ПАДНАЛ ВО БЕЗДНА, ГО ИЗВЛЕКУВАЛЕ СО ХЕЛИКОПТЕР Спасувачка акција кај Ливадичко Езеро

Повреденото лице, при падот, се здобило со скршеници на раката, ногата и на колкот, како и со обилно крвавење, поради што било во критична состојба. На лице место интервенираше екипаж - тим на парамедици, кои и покрај непристапниот терен успешно го извлекоа и имобилизираа повредениот, соопшти АРМ.

620

По добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска попладне АРМ поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер од вВИНГ, на лице кое паднало во бездна во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина.

Повреденото лице, при падот, се здобило со скршеници на раката, ногата и на колкот, како и со обилно крвавење, поради што било во критична состојба. На лице место интервенираше екипаж – тим на парамедици, кои и покрај непристапниот терен успешно го извлекоа и имобилизираа повредениот.






Армијата информира дека во координација со ЦУК и со здравствените установи извршила успешна медицинска евакуација и го предала повреденото лице на екипа од итната медицинска помош, по што  тоа било транспортирано на понатамошен болнички третман.

Поврзани содржини