МАЖ ОД ДЕЛЧЕВО ОБЈАВУВАЛ ЕКСПЛИЦИТНИ ФОТОГРАФИИ ОД ПОРАНЕШНАТА ПАРТНЕРКА Ќе одговара за полово вознемирување

Личните фотографии што ги снимил додека живееле заедно, 38-годишниот делчевчанец ги споделувал со други лица на социјалните мрежи.

891

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.К.(38) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полово вознемирување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

„Пријавениот, во периодот од 25.12.2023 до 16.01.2024 на социјални мрежи објавил и со други лица споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка, од кои дел биле со експлицитна содржина, а кои ги направил додека живееле заедно“ – соопшти МВР.

Поврзани содржини