МАЖ ИЗБОЛ СО НОЖ НЕКОЛКУ ЛИЦА ВО ДАБЛИН Напаѓачот е уапсен, а жртвите завршиле во болница
Повикувајќи се на „сериозен инцидент“, ирската полиција посочи дека уапсениот маж моментално е „во притвор во полициска станица на северот од градот“ и дека „повеќе нема никаков ризик за јавноста“.
Маж е уапсен во Даблин по напад со нож во кој се повредени неколку лица во главниот град на Ирска, објави Скај њуз.
Повикувајќи се на „сериозен инцидент“, ирската полиција посочи дека уапсениот маж моментално е „во притвор во полициска станица на северот од градот“ и дека „повеќе нема никаков ризик за јавноста“.
По инцидентот, 3 лица се пренесени во болница.
Околу местото на нападот бил поставен полициски кордон, а на местото на настанот биле видливи полицајци и возила на брза помош.
Нападот се случил на истокот од градот и полицијата во оваа фаза не верува дека станува збор за терористички напад.