Маж и жена направиле „џумбус“ во тетовската болница, полицијата ги привела

Полицијата продолжува со мерките за расчистување и документирање на случајот.

836

Маж и жена на 28 и 24 години се приведени откако се заканувале на вработена во тетовската Клиничка болница вчера околу 19 часот, соопшти денес СВР Тетово.

– Вчера околу 18 часот и 45 минути, на улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(28) и 24-годишната С.А. од Тетово. Тие половина час пред тоа ја навредувале и и се заканувале на 34-годишна вработена во тетовската Клиничка болница, во која се лекувала нивна роднина – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. 






Полицијата продолжува со мерките за расчистување и документирање на случајот.

Поврзани содржини