МАТЕМАТИКАТА ОД БАУК ДО ЉУБОВ Наставник од Радовиш смислил како сите да имаат 5-ка математика

Блаже Ангелов е 35 - годишен професор по математика и физика за основно образование од Радовиш, кој со голема посветеност, мотивација, желба и љубов кон професијата го создал својот веб-сајт „Математика за сите“. Станува збор за дополнително средство за учење математика, на полесен и позабавен начин, клик по клик.

1,236

Ако математиката ви е баук, а имате деца на училишна возраст на кои им треба помош за решавање на математички задачи и проблеми, време е да се запознаете со сајтот www.matematikazasite.com.

Одговорен за овој сајт е, кој друг, ако не еден голем вљубеник во математиката. Станува збор за Блаже Ангелов, 35 – годишен професор по математика и физика за основно образование кој од април 2009. година е вработен во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.






„Математика за сите“ функционира од декември минатата година и е начин на кој овој посветен наставник решил да даде сопствен придонес во приспособувањето на изгледот на наставата во однос на новите генерации, но и на онлајн наставата во услови на пандемија со ковид-19.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини