МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ШТАЛА, ЕДНО ЛИЦЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО Спор за имот ескалираше во физичка пресметка
Инцидентот се случил во селото Арнакија, скопско, полицијата најави дека ќе поднесе соодветна пријава.
На 14 декември 2025, околу 14:15 часот, во село Арнакија, скопско, по претходни нерасчистени имотно-правни односи, дошло до физичка пресметка меѓу два групи: М.З. (24), Л.З. (21) и Р.З. (59) од една страна, и А.З. (63), С.З. (30) и Б.З. (35) од друга страна.
За време на инцидентот биле користени и тврди предмети, при што Р.З. се здобил со тешки телесни повреди, а М.З. и Б.З. со полесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
По целосно документирање на случајот, полицијата најавува поднесување соодветна пријава.