МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ПРИЛЕП, УАПСЕНИ 8 ЛИЦА Семејна тепачка со шипки и со стапови

Зет нападнал членови на семејтвото на сопругата, а потоа со уште уште 5 лица ги нападнал кај Итната медицинска помош во Прилеп, каде тие се јавиле на преглед.

0

По масовна семејна тепачка во Прилеп, полицијата уапси 8 луѓе, меѓу кои и еден малолетник.

„На 25.5.2026 година во 22:15 часот на улицата Трајко Тарцан во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Џ.У.(31), Џ.У.(52), Е.У.(35), А.У.(58), Е.У.(36) и еден 17-годишен малолетник, сите од село Пресил, крушевско и С.К.(52) и Х.К.(18) од село Саждево, крушевско“, соопшти полицијата.






Според пријавеното,  С.К. и неговиот син Х.К., движејќи се со патничко возило „пасат“ на пат кон  Саждево вчера во 19:30 часот биле пресретнати од патничко возило „бмв“, управувано од Е.У., зет за ќерка на пријавителот.

„Тој физички ги нападнал. Подоцна, С.К. и Х.К. се јавиле на преглед во Итна медицинска помош Прилеп, каде биле нападнати од Џ.У., Џ.У., Е.У., А.У., Е.У. и малолетник, при што употребиле и метални и дрвени предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини