📽 МАСК ОБЈАВИ ШТО МИСЛИ ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП? Милијардерот сподели снимка од познат нобеловец

Буквално илјадници луѓе работеа заедно за да го направат ова пенкало, вели нобеловецот Фридман на снимката што ја сподели милијардерот Илон Маск, нагласувајќи ја „магијата на системот на цени“ и важноста на слободниот пазар за продуктивноста, но и за одржување мир меѓу народите.

583

Милијардерот Илон Маск кој го предводи Одделот за владина ефективност (ДОГЕ) во американската администрација сподели снимка од Милтон Фридман, еден од најпознатите економисти во историјата и поборник за слободниот пазар.

Што сакаше Маск да порача со објавата? Таа доаѓа во време кога американскиот претседател наметна царини за увоз во САД за земјите на глобално ниво.






– Буквално илјадници луѓе работеа заедно за да го направат ова пенкало – вели нобеловецот Фридман на снимката, нагласувајќи ја „магијата на системот на цени“ и важноста на слободниот пазар за продуктивноста, но и за одржување мир меѓу народите.

Фридман важи за противник на царините и на каква било државна интервенција во економијата.

 

Трамп неодамна изјави дека Маск ќе го напушти одделот ДОГЕ и ќе се врати на своите приватни бизниси, но дека ќе го задржи колку што може во неговата администрација.

Шефот на САД и милијардерот имаат комплексен однос, но важат за силни сојузници. Маск донираше десетици милиони долари за кампањата на Трамп на претседателските избори минатиот ноември.

Маск неодамна  изрази надеж дека меѓу Европа и Северна Америка ќе се формира зона за слободна трговија, преку која бизнисот ќе се води без царини.

Тој ова го изјави говорејќи преку видео врска во Фиренца на Конгресот на италијанската партија Лига.

– Европа и САД би требало идеално да еволуираат, според мое мислење, кон ситуација со нула царини, со што ќе се создаде зона на слободна трговија меѓу Европа и Северна Америка – рече Маск, додавајќи дека САД и Европа би можеле да воспостават многу блиско партнерство.

Маск зборуваше на состанокот на партијата предводена од Матео Салвини, кој е еден од неговите поддржувачи.

Поврзани содржини