Четири лица се убиени, а двајца се повредени во оружен судир на плажа во Велипоја во северна Албанија, јавија тиранските медиуми. Конфликтот се случил по полноќ, а деталите сè уште не се познати.
Според информации од полицијата, до пресметката дошло по кратка расправија.
– Причината за вооружениот конфликт е поделба на сопственоста над песочните плажи каде што се поставени лежалки, помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг – изјави директорот на полицијата во Скадар, Нико Брахимај, на местото на настанот два часа по масакрот.
Жртвите се на возраст од 20, 25, 38 и 59 години, двајца од нив се браќа. Повредените се на 17 и 54-годишна возраст.
Во Велипија веднаш пристигнале припадниците на специјалната единица и екипи за увид.
За двајцата ранети постои сомнеж дека учествувале во конфликтот.