Мас: Москва не направи ништо да помогне во разрешување на случајот „труење на Навални“

Претходно денеска, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека поврзувањето на Русија со труењето на Навални е „дел од заговорот на САД да го дискредитираат“.

348

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ја обвини денеска Русија дека „подигнува димна завеса“ во врска со наводното труење на опозиционерот Алексеј Навални, кој е најголем критичар на Кремљ.

Тој додаде дека официјална Москва не направила ништо да помогне во разрешување на овој случај и оцени дека санкциите против Русија се вистински одговор на тоа.






Навални е префрлен во Берлин, но иако ја напуштил болницата, тој се уште закрепнува во Германија.

– Видовме како Москва подигнува димна завеса во претходните недели и месеци во случајот со Навални. Русија имаше многу можности да ја реши ситуацијата, но тоа не се случи – додаде Мас.

Претходно денеска, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека поврзувањето на Русија со труењето на Навални е „дел од заговорот на САД да го дискредитираат“.

Поврзани содржини