МАРТИНОВИЌ ГИ УБИЛ ДЕЦАТА НА НЕГОВАТА СЕСТРА, УБИЛ И БРАЌА БЛИЗНАЦИ Најмладите жртви на убиецот во Цетиње имале 13 и 11 години
Според искази за дел од српските медиуми, децата што ги уби Мартиновиќ се деца на неговата сестра, која, пак е тешко ранета. Убиените деца не се на сопстеникот на кафеаната, како што претходно се пишуваше, туку на неговиот брат, кој, исто така, е тешко ранет.
Милош Мартиновиќ, неговиот брат близнак Марко и сопругата на Марко, Марија се три од најмалку 10 жртви што денеска во Цетиње ги уби Ацо Мартиновиќ (45).
Според искази за дел од српските медиуми, децата што ги уби Мартиновиќ се деца на неговата сестра, која, пак е тешко ранета. Убиените деца не се на сопстеникот на кафеаната, како што претходно се пишуваше, туку на неговиот брат, кој, исто така, е тешко ранет. Сопственикот на ресторанот во кој почнал масакрот, Мирко В. е убиен.
Осомничениот повеќекратен убиец Ацо Мартиновиќ, како што раскажува жител на Цетиње за српски „Курир“, дошол во кафаната со која раководи Мирко В.
– Првично се шпекулираше дека се убиени и сестрата и зетот на убиецот. Во престрелката тие се тешко ранети и лекарите се борат за нивните животи. За жал, точно е дека им се убиени двете деца – вели соговорник на медиумот.
Сето ова е голема трагедија и злосторство, за кое убиецот мора да одговара, додава тој.
Според соговорникот, убиецот Мартиновиќ се скарал со Д.К., кој бил во кафаната.
– Мартиновиќ пукал и ги ранил Д.К., А.М., и уште неколку лица, а го убил Мирко В. Во таква состојба Мартиновиќ отишол кај сестра си и таму пукал во сестра си и во зетот, како и во нивните деца. Иако првите информации беа дека се убиени, тие се всушност тешко ранети. Прашање е дали сега се меѓу живите и колку куршуми биле испукани во нив. Децата им подлегнале на повредите. За жал, ова е уште една голема трагедија во Цетиње и прашање е кога ќе се опоравиме – вели соговорникот на „Курир“.
Директорот на полициската управа на Црна Гора Лазар Шќепановиќ вечерва соопшти нови детали од бруталниот масакр во Цетиње.
– Ова е втора трагедија во последните две години што го погоди Цетиње. Во кафана Ацо Мартиновиќ имал вербална расправија со гостите, со кои таму престојувал цел ден. Атмосферата дотогаш била во најдобар тек. Осомничениот цел ден консумирал алкохолни пијалоци. Излегол и донел оружје во кафаната, а потоа заминал во непознат правец. Убил двајца малолетници на возраст од 11 и 13 години – рече тој.
Беше објаснето дека во 2005 година е евидентирано дека Ацо Мартиновиќ бил приведен поради насилничко однесување и осуден на условна казна во траење од една година. Во 2022 година против него биле преземени мерки и дејствија затоа што кај него биле пронајдени воздушна пушка и неисправно оружје, односно експлозив, за што првостепено е осуден на три месеци затвор.