МАРОКО НИ ОДРЖА ЛЕКЦИЈА Капитенот на Шпанија со тешко срце го призна поразот

Шпанците загубија на пенали и не успеаја да се пласираат во четвртфиналето.

322

На Серхи Бускетс многу тешко му падна поразот на шпанската репрезентација во 1/8 финалето на Светското првенство 2022 година од Мароко.

Шпанците загубија на пенали и не успеаја да се пласираат во четвртфиналето.






– Штета што сѐ беше решено на пенали на најсуров начин. Беше тешко, нѐ чинеше многу, се обидовме да ги истрошиме, да најдеме простор, но немавме доволно среќа со последното додавање. Сега е важна репрезентацијата, не јас. Тешка вечер, но ќе послужи како лекција за нашиот фудбал. Имаме многу млади играчи кои можат да ѝ помогнат на репрезентацијата и треба да продолжиме во истиот дух – изјави капитенот на шпанската репрезентација.

Мароко во четвртфиналето на Мундијалот во Катар ќе се соочи со Португалија на 10 декември.

Поврзани содржини