Марковски: За мене вакцина за ковид-19 во следната година е неприфатлива, а уште помалку задолжителна

Инфектологот смета дека без разлика колку фазите ќе ги помине вакцината, треба да се следи клинички некој период барем од 8 до 9 месеци за да се види дека таа вакцина и тие антитела траат во организмот 9 месеци.

4,587

Инфектологот Вело Марковски смета дека во следната година вакцината за ковид-19  не треба да биде задолжителна.

– Никако задолжителна вакцина. Прво вакцината во следнава година за мене е неприфатлива и незамислива дека некој треба да се вакцинира. Значи без разлика колку фазите ќе ги помине, треба да следиме клинички некој период барем од 8 до 9 месеци да видиме дека таа вакцина и тие антитела траат во организмот 9 месеци. И второ многу битно е дали сега тие антитела кои би ги произвела вакцината дали би штителе – рече Марковски во изјава за ТВ Алфа.






Тој смета дека следниот период ќе биде многу лош, бидејќи, како што рече, власта не изградила никакви искуства.

– Мислам дека ни следува еден период кој што ќе биде многу драматичен, многу лош. Најлошо е што не изградивме никакви искуства – истакна Марковски.

Според него, во Комисијата за заштита од заразни болести наместо да доминираат инфектолози, има само двајца.

– Комисијата за заразни болести има друга намена. Не знам дали сфативте, кога доаѓа нов министер и си прави своја комисија, тој не знае што ќе се случува во наредниот период, дали ќе има некоја болест или не. Таа е комисија за заштита од заразни заболувања во која најчесто има само еден или двајца инфектолози. Нејасно зошто е така, бидејќи треба да доминираат инфектолозите – вели Марковски.

Поврзани содржини