Руската инфлуенсерка, 35-годишната Марина Балмашева, објави дека очекува дете со својот 15 години помлад посинок Владимир.
Марина Балмашева, која е sвезда на социјалните мрежи во Русија, неодамна откри дека се свршила со нејзиниот 20-годишниот посинок Владимир, кратко време откако се развела од неговиот татко Алексеј, со кого била во брак 13 години.
Сега, преку Инстаграм, каде ја следат 413.000 луѓе, открила дека е бремена, објавувајќи емотивно видео во кое на Владимир му дава позитивен тест за бременост.
Инаку, Марина и Владимир се познавале уште кога тој имал седум години, а таа 22 години. Таа неодамна сподели на Инстаграм и 13 години стара фотографија на која се позираат заедно во времето кога штотуку ја започнала врската со неговиот татко.
Руските медиуми пишуваат дека Марина и нејзиниот поранешен сопруг Алексеј посвоиле пет деца и дека таа сега живее со Владимир и трите деца што ги посвоила заедно со неговиот татко. Другите двајца живеат со Алексеј.
Марина се прославила со документирањето на губитокот на килограмите на социјалните медиуми.
FOTO: Instagram