МАРИЧИЌ ГО ПРОГЛАСИ ПОПИСОТ УСПЕШЕН Бојкотот бил на ниво на статистичка грешка

За оние кои свесно одбиле да се попишат, министерот изјави дека не можат да влезат во базата бидејќи не се опфатени во пописот, не можат но сепак ДЗС ќе одлучи дали ќе иницира прекршочна пријава за нив.

418

Бројките од пописот детално ќе бидат соопштени вечерва од страна на Државниот завод за статистика. Јас сум задоволен што успеавме да ја реализираме оваа операција и покрај сите проблеми со кои се соочивме. Бројката на попишани граѓани е околу 1,9 милиони, вели  министерот за правда Бојан Маричиќ.

Тој појасни дека податоците за граѓаните се земаат од седум бази, што претставуваат појдовна основа за теренскиот попис. За непопишаните граѓани, тој очекува ДЗС вечерва да ја соопшти  нивната бројка.






– Навистина е мал бројот на граѓаните кои не се опфатени или одбиле да се попишат. Тие кои не се опфатени, ако ги има, се на граница на статистичка грешка и тоа се случува во речиси сите држави – додаде Маричиќ во емисија на телевизија Канал 5.

Во однос на продолжување на пописот министерот истакна дека оставаат на ДЗС да кажат дали има потреба или не. Тој додаде дека со оваа бројка на попишани граѓани нема потреба Законот повторно да се врати во Собрание и да се расправа за него, во екот на предизборната кампања.

Министерот Маричиќ изразувајќи го својот став посочи дека според него пописот е успешен, и оти бројките покажуваат дека бојкотот на пописот не наиде на голема поддршка.

За оние кои свесно одбиле да се попишат, тој изјави дека не можат да влезат во базата бидејќи не се опфатени во пописот, не можат но сепак ДЗС ќе одлучи дали ќе иницира прекршочна пријава за нив.

Поврзани содржини