МАРИЈА КИРИ НА БАНКНОТА, „ВО ЗАГРАДА СКЛОДОВСКА“ Европската унија им игра по нервите на Полјаците?
Полска не е членка на Еврозоната и не го користи еврото како валута, но сепак изврши сериозен притисок врз ЕЦБ, која на крајот го коригираше предлогот на својата веб страница, наведувајќи на новата банкнота да стои „Мари Кири (родена Склодовска)“.
Наследството на Марија Кири одново се разгоре страстите во Полска и тоа овој пат поврзано со новиот изглед на банкнотата од 20 евра.
Според најавите, како еден од „симболите на европската култура“ ликот на Марија Кири треба да се најде на новата банкнота од 20 евра. Одлуката за изгледот на банкнотата се очекува да ја донесе Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) кон крајот на 2026 година, а таа би била пуштена во промет неколку години подоцна.
Сепак, полските власти уште од сега извршија притисок врз ЕЦБ на банкнотата со ликот на познатата научничка и добитничка на две Нобелови награди, покрај Кири да биде впишано и нејзиното моминско презиме Склодовска.
Првата жена нобеловка е родена во Варшава во 1967 година како Марија Склодовска. По венчавката со нејзиниот сопруг Пјер во 1895 година, таа го зема неговото презиме Кири и оттогаш во научната јавноста станува позната како Мари Кири.
Но, откако во 1911 година ја добива својата втора Нобелова награда за хемија, по првата во 1903 година за физика, таа решава да почне да го користи и своето моминско презиме, потпишувајќи се како Склодовска-Кири.
Ваквиот чин е оценуван како феминистичка, но и националистичка порака во време кога Полска сè уште не постои како независна држава, а нејзината територија е поделена меѓу соседите – Австро-Унгарија, Германија и Русија.
Кога ЕЦБ пред неколку месеци соопшти дека во потесниот избор на теми и мотиви за новиот изглед на евро банкнотите е и „Мари Кири“, тоа предизвика реакција од страна на Полска со барање да биде користено нејзиното целосно име Марија Склодовска-Кири.
Според европски дипломати, гувернерот на полската централна банка Адам Глапински испратил писмото со вакво барање до претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, а во притисокот за користење на нејзиното полско име и презиме се вклучиле и неколку европратеници и тоа не само од Полска.
Полска не е членка на Еврозоната и не го користи еврото како валута, но сепак изврши сериозен притисок врз ЕЦБ, која на крајот го коригираше предлогот на својата веб страница, наведувајќи „Мари Кири (родена Склодовска)“.
Портпарол на ЕЦБ изјави дека Банката се консултирала различни извори „за да го утврди најсоодветниот начин да се осврне“ на Кири.
– Засега, ќе ја нарекуваме Мари Кири (родена Склодовска) со цел да го признаеме нејзиниот двоен идентитет, додаде портпаролот.
Инаку, ова не прва реакција на Варшава на користењето на името на славната научничка на ниво на ЕУ. Под притисок на Полска, Европската комисија во 2014 година го смени името на својата програма за поддршка на истражувањето и иновациите во „Акции Мари Склодовска-Кири“.