Пејачката Мараја Кери важи за една од најуспешните, но и „најбезобразните“ дами на музичката сцена.
Кога дава автограми на некој настан, таа бара да го стори тоа од престолот, опкружено со цвеќиња и пеперутки, во нејзиниот дом секогаш има украсена елка, а кога ќе настапи на некој настан, таа бара нејзината соблекувална да биде исполнета со „мачиња, кутриња и шампањско“.
Сега Мараја напиша мемоари во кои открива дека тоа го прави затоа што порано немала ништо.
„Бевме сиромашни. Се селевме нонстоп, а моето детство го обележаа расизмот, насилството и дрогата“, напишала Мараја.
Таа откри дека нејзините соученички ја малтретирале кога дознале дека нејзиниот татко е црнец – „ме заклучија во соба и ми врескаа в лице дека сум црна“, но и дека се сеќава на секој удар од нејзиниот татко, братот, подоцна од партнерот на неговата мајка кој се заканувал со сачмарка.
Сепак, најлошото што го доживеала ѝ го приредила нејзината сестра Алисон.
– Таа почна да користи дрога кога имаше 13 години, а на 15 веќе беше бремена. Се сеќавам кога се обиде да ме продаде на макро за да заработи пари за дрога. Имав 12 години, ми даде „валиум“ и ме остави во автомобилот со макрото. Тој се обиде да ме напаствува во автомобилот, но случаен минувач ја виде таа сцена и ме спаси. Никогаш нема да го заборавам лицето на тој човек – рекла Мараја.