МАПИРАЊЕ НА ЗАГАДУВАЧИТЕ ВО КАРПОШ Весковски ќе ги промовира и технолошко- металуршките струки

Како иден градоначалник на Општина Карпош, преземам обврска за промоција на програмите во рамки на Технолошко- металуршкиот факултет, со цел зголемување на интересот на средношколците за изучување на овие научни дисциплини, истакна Весковски.

222

Мапирање на потенцијални загадувачи во општина Карпош и помош со оптимизација на производствените процеси со цел намалувањето на загадувањето на воздухот, водата и почвата. Ова биле дел од темите на кои денеска разговарале кандидатот за Карпош од СДСМ, Душко Весковски и носителот на листа на кандидати за советници на Општина Карпош, Марин Докузовски, со професори од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје, со седиште во општина Карпош, како и со претставници на Здружението на металурзи на Македонија.

На работната средба се дискутирале и можностите за ангажирање стручни лица во процесите на изработка на предлог проекти за третман на отпадот создаден при производствените процеси. Се посочиле и отворените можности за доквалификација на вработените во потенцијалните загадувачи на територија на општина Карпош со што ќе се обезбеди соодветно квалификуван кадар за справување со проблемите на загадувањето и намалување на истото.






– Како иден градоначалник на Општина Карпош, преземам обврска за промоција на програмите во рамки на Технолошко- металуршкиот факултет, со цел зголемување на интересот на средношколците од општина Карпош за изучување на овие научни дисциплини, кои се од огромно значење не само за општината тука и за државата во целост – истакна Весковски.

Поврзани содржини