МАНУ Е ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА ВО МАКЕДОНИЈА Никаков паралелизам не е дозволен, рече Димитриевски
Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен, порача Максим Димитриевски.
Науката не смее да се политизира ниту да се етницира, таа има своја генеза и континуитет, реагираше лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, откако Вреди најави формирање на албанска Академија на науката и уметностите.
„Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам. Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен. Партнерите во власта од ВЛЕН е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција. За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки“, соопшти Димитриевски.