МАНИЈАК ВЛЕГОЛ ВО ДУЌАН И СЕ САМОЗАДОВОЛУВАЛ ПРЕД ДВЕ ЖЕНИ Полицијата трага по престапникот кој плаши жени во Карпош
Скопјанка пријавила дека во објектот каде работела и каде имало уште едно женско лице, во петокот влегло едно машко лице и се самозадоволувало пред нив.
Манијак во петокот влегол во дуќан во Карпош и почнал да се самозадоволува пред две жени. Едната од нив го пријавила, а полицијата трага по него.
За настанот денеска извести СВР Скопје.
„Во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 4.10.2024 околу 18.45 часот на подрачјето на Карпош, во објект каде работела и каде имало уште едно женско лице, влегло едно машко лице и се самозадоволувало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.