Манијак се обидел да киднапира девојче, тоа избегало, но камерите го снимиле (ВИДЕО)
Од канцеларијата на локалниот шериф објавија дека мажот е веќе во притвор, а бил пронајден откако неговиот автомобил бил следен преку надзорните камери.
Канцеларијата на шерифот од округот Ескамбиа на Флорида објави видео-снимка од обид за киднапирање на 11-годишно девојче, објави „ABC News“.
Околу 7 часот по локално време возило запрело до девојчето кое чекало на автобуската станица.
Од белиот автомобил излегол маж кој најверојатно со себе имал и нож. Се доближил до девојчето кое се обидело да избега. Следувала борба во која напаѓачот се обидел да го внесе девојчето во автомобило, но таа некако успеала да се извлече и да побегне, а исто така побегнало и лицето кое се обидело да ја киднапира.
Од канцеларијата на локалниот шериф објавија дека мажот е веќе во притвор, а бил пронајден откако неговиот автомобил бил следен преку надзорните камери. Тој е уапсен и ќе се соочи со обвинение за обид за киднапирање на дете и тежок напад.
Полицијата соопшти дека киднаперот веќе имал криминално минато кое вклучува и претходно обвинение за сексуален престап над дете.