Манекенката го замоли Џо Бајден да не ја следи на Твитер, тој ѝ ја исполни желбата ФОТО

552

Манекенката Криси Тиген (34) во повеќе наврати преку социјалните мрежи го замоли американскиот претседател Џо Бајден да не ја следи на Твитер, а сега тој конечно ѝ ја исполни желбата, поради што таа истакна дека конечно е „слободна“.

„Јас сум слободна!“ напишала Криси, меѓу другото.






Иако со сета страст го поддржуваше Бајден во текот на неговата претседателска кампања, Криси побарала од американскиот претседател да престане да ја следи, за да може да објавува твитови без воздржаност.

„Значи, можам слободно да објавувам, ве молам, престанете да ме следите. Ве сакам. Не зависи од вас, зависи од мене“, напишала на шега Криси.

Бајден следел само 13 лица на Твитер, вклучувајќи ја и Криси, а сега таа бројка паднала на 12.

Да потсетиме, поранешната манекенка четири години беше на списокот на блокирани профили на Твитер на претседателот Трамп, а веднаш откако официјалниот профил на американскиот претседател го презеде новиот претседател Џо Бајден, Криси Тајген доби нов следбеник.

Тајген и сопругот Џон Леџенд присуствуваа на инаугурацијата во Вашингтон, а Леџенд беше еден од изведувачите на виртуелниот концерт на инаугурацијата на Бајден.

Инаку, Криси отворено зборуваше и за нејзината омраза кон претседателот Трамп. Во последниве месеци, таа го нарекуваше злобен човек, срамота и најлошиот човек што одел по Земјата.

Поврзани содржини