Белгиската манекенка Антонија Рочус (21) објави на социјалните мрежи јавно опиша дека нејзината романтична врска од свршена станала многу насилна. Со серија фотографии манекенката објани што доживеала во 18-месечната врска со своето момче. Прво сподели среќни фотографии со момчето, а потоа ги покаж и страотните модринки на лицето, што ѝ ги нанело нејзиното момче.
Антононија открила дека го пријавила во полиција поранешниот партнер и дека тие сега го истражуваат физичкиот напад.
Антонија исто така објаснила зошто за сѐ јавно објавила.
„Не сакам да читам за убиени жени и за кои на крајот се дознава дека за тоа е виновен поранешниот партнер. Ова се мои фотографии, пред и после. Без среќен крај, без вистинска среќа, само болка и тага. Конечно собрав храброст да ја раскажам мојата приказна. Но, ова не е сè. Излегувам од ова посилна од кога било”, напиша таа, пренесува „Дејли мејл“.
Името на партнерот не го открила. Но, рекла дека се запознале за време на летниот одмор пред две години и дека тоа било „љубов на прв поглед“. Многу брзо почнале да живеат заедно.
Ја опсипуввал со комплименти и подароци, но подоцна го открил својот темперамент и љубоморната страна,опсесивен и љубоморен и ја покажал својата мрачна страна.
„Не смеев да се шминкам и не можев да ја носам облеката што ја сакав. Тој најпрво го истураше бесот врз мебелот, а потоа се нафрли врз мене“, открила таа.
Антонија еднаш завршила во болница поради повредите што ѝ ги нанел партнерот. Лекарот тогаш ѝ рекол дека таа ќе била мртва доколку повредите биле потешки.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм