МАНДАРИНИТЕ СЕ ЗДРАВИ, АМА НЕ ЈАДЕТЕ ПОВЕЌЕ ОД 7 Ако сте љубители на ова сочно овошје, бидете внимателни!

Мандарините се богати со витамини, минерали и други состојки кои се здрави за организмот, но сепак мора да бидеме внимателни и да се држиме до препорачаната дневна доза.

345

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознатливи по пријатниот мирис и вкус. Ова вкусно и сочно овошје му помага на телото да го контролира нивото на лошиот холестерол и да го заштити срцето. Покрај тоа, мандарината содржи пектин, соединение кое го спречува зголемувањето на нивото на шеќер во крвта, а со тоа и чувството на глад.

Мандарините се богати со витамин Ц, калциум, магнезиум, калиум, цинк, витамини од групата Б и минерали кои позитивно влијаат на здравјето на мозокот преку подобрување на неговите функции и придонесување за подобра меморија и концентрација.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини