Манчини: Пеналите се лотарија, ама ние го заслуживме финалето
Ривал на репрезентацијата на Италија ќе биде поуспешниот од мечот Англија – Данска закажан за вечер од 21 часот на „Вембли“ во Лондон.
Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги сподели своите впечатоци по синоќешниот натпревар од полуфиналето на ЕВРО 2020 против Шпанија (1:1, на пенали 4:2).
– Се стремевме кон финале, иако многу малку луѓе веруваа во тоа пред почетокот на турнирот. И честитам на репрезентацијата на Шпанија. Ова е одличен тим, а пеналите се лотарија. Ние заслужуваме да бидеме тука. Знаевме дека ќе биде тешко. Секој сака да победи, но нашиот тим сакаше да постигне нешто посебно, и го стори тоа. Овој состав е неверојатен – истакна Манчини.
Ривал на репрезентацијата на Италија ќе биде поуспешниот од мечот Англија – Данска закажан за вечер од 21 часот на „Вембли“ во Лондон.