Манчевски: Неработењето на Чулев доведува до поголемо непочитување на мерките

Во текот на утрешниот ден ќе има одлука каков полициски час ќе има викендов. Има и други точки на дневен ред меѓу кои и оваа за карантинот

515

Во текот на утрешниот ден ќе има одлука каков полициски час ќе има викендов. Има и други точки на дневен ред меѓу кои и оваа за карантинот, изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во гостувањето на ТВ 24.

– Се вршат консултации, до сега се почитуваа препораките, ние ги следиме експертските мислења. Ние ќе мора да одиме кон олабавување на мерките, но тоа значи почитување на другите нерестриктивни мерки. Но, тие мерки не се почитуваат, не се носат маски, не се почитува растојание. Ако сакаме да имаме намалување на мерките, мора да се почитуваат препораките- рече Манчевски.






Тој објасни дека олабавувањето на мерките е правопропорционално со почитување на препораките.

– Клучно е да се почитуваат препраките и како и целиот свет треба да одиме кон олабавување на мерките, но да ги почитуваме другите мерки, како и препораките со држење дистанца, носење маски и слично – рече потпретседател на СДСМ.

Тој додаде дека нашите здравствени власти точно ги знаат класерите и немаме непознати потекла.
Според него, владата добро се справила со ковид-19 и дека клучно било дневното информирање кое го правеле здравствените работници, а клучна улога одиграле и медиумите во пренесување на мерките кои треба да се почитуваат.

-Од друга страна  МВР, конкретно техничкиот министер Чулев самиот изјавува на медиумите дека не сака да казнува. А знаеме дека новозаразените луѓе доаѓаат од литијата во Струга, ифтарските вечери, прославата на полицијата, а немаме инфо дека е превземено било што, дали внатрешната контрола постапува, немаме изречени санкции – рече Манчевски.

Тој истакна дека Чулев никогаш не ни спомнал за награди на полицајците кога се правел ребалансот на буџетот и не кажал ни збор за кратењата, а потоа излегува и дава изјави.

-Исто така , друга ситуација е и кочењето на процесот на добивање на финансиски  средства за справување со коронависрусот од Светска банка на дополнителната заменик министерка за финансии,  пари кои се наменети конкретно за здравството – истакна Манчевски.

Поврзани содржини