Екс министерот за администрација и актуелен пратеник Дамјан Манчевски, ќе биде наследникот на Драги Рашковски, како генерален секретар на влада, неофицијално дознава ТВ21.
Како што објави оваа телевизија, Манчевски за ТВ21 ниту потврдува ниту демантира, а во пораката напишал: „ Генерален секретар бира Владата на предлог на премиерот. Откако ќе се формира Владата, таа ќе донесе одлука и јавноста ќе биде соодветно информирана. Јас сум пратеник кој е целосно фокусиран на избор на новата Влада и реализација на програмските определби во корист на сите граѓани.“