Манчевски и Хоџа очекуваат изборна победа на коалицијата „Можеме“
а оваа листа се 120 имиња одговорни граѓани, кои ја сакаат својата земја и кои се спремни да направат се за своите граѓани, да се вложат себеси со професионална работа во независен парламент.
Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и од Беса вечерва до Државната изборна комисија (ДИК) ги доставија кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 12 април. Дамјан Манчевски од СДСМ и Аријанит Хоџа од Беса истакнаа дека очекуваат оваа најмногубројна и најразнолика коалиција да победи на претстојните избори.
– На оваа листа се 120 имиња одговорни граѓани, кои ја сакаат својата земја и кои се спремни да направат се за своите граѓани, да се вложат себеси со професионална работа во независен парламент. Ова е најгоелмата коалиција во моментот составена од различни политички партии кои се обединети околу она што е важно за граѓаните, иднината за државата, како што се, пред се, членството во НАТО и ЕУ, економскиот раст, поголеми плати и пензии, грижа за сите, правда и праведна држава и здрава животна средина – истакна Манчевски.
Токму тоа се и клучните столбови околу кои се обединиле различни политички партии зад кои, како што истакна Манчевски, застанаа сите етнички заедници во коалицијата „Можеме“ и кои носат уште побрз напредок на земјата.
– Сите политички субјекти од оваа најголема и победничка коалиција ја препознаа важноста и потребата на граѓаните, а тоа е државата да продолжи по вистинскиот пат затоа што сега кога државата е на викстинскиот пат, кога станува член на НАТО и кога следува почеток на преговорите со ЕУ многу е кважно да продолжиме да чекориме уште посилно по тој пат. Важно е да продолжат реформите, да растат платите и пензиите, да расте економијата, инвестициите, да продолжи развојот на инфраструктурата, вложувањата во образованието, во социјалата, во здравството. Докажавме, а во новиот мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро – рече Манчевски
Генералниот секретар на Беса Хоџа истакна дека нивната коалиција ќе биде победник на овие избори и дека ќе владее со државата.
– Ние очекуваме дека различностите и придобивките што ги нудиме во општеството ќе се сфатат најпозитивно и така победнички ќе владееме – рече Хоџа.
Манчевски, одговарајќи на новинарсо прашање за тоа како ќе се води кампањата имајќи ги предвид мерките за спречување со корона вирусот, рече дека за нив здравјето на граѓаните е најважно, така што ќе тие се прилагодат на условите и на она што во тој момент ќе бидат условите во коишто ќе се води кампањата.
– Прерано е да се каже уште од сега што ќе се случува тогаш. Ги следиме упатствата, насоките, препораките од страна на Владата и на државните институции, така што каква и да е состојбата ние ќе се прилагодиме на неа. Приоритет е здравјето на граѓаните и каква кампања да се води, пред се, во преден план ќе биде сигурноста, здравјето и безбедноста на граѓаните, а ние ќе најдеме алтернативни начини како нашите пораки да стасаат до нашите сограѓани – рече Манчевски.