МАНАСИЕВСКИ ГО ОБВИНИ РЕЏЕП ИСМАИЛ ДЕКА ЗЕЛ 300.000 ДЕНАРИ ОД КАСАТА НА ЛЕВИЦА „Левичарите го покажаа вистинското лице“

123

Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300.000 денари повлекол и тој од благајната на Левица, обвини денеска Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Раководството на Левица го покажа вистинското лице. По Апасиев, Крмов, Мојсоска, Мециновиќ, и Реџеп Исмаил брцнал во медот на Левица, инкасирајќи близу 300.000 денари. Врз кој основ Исмаил подигнал слични цифра на суми, изминативе години? Повторно поставуваме прашање во јавноста, дали можеби и Исмаил е сметководител во Левица? И секако, ако и тој е сметководител, дали знае дека тоа е противзаконски? Или за раководството на Левица тоа не важи? – праша Манасиевски.






Тој додаде дека не е проблем доколку „левичарите од Али Експрес земаат средства од нивната партија, проблемот е што се лицемерни, дволични и шарлатани.“

– Проблемот е што додека ги напаѓаат нивните колеги во Собранието за патни трошоци, тие ја цицаат својата партија зад завесите. Проблемот е што глумат скромни, а купија недвижен имот во договор со извршител по 3 пати пониска цена. Левичарите од Али Експрес се прочитани – рече Манасиевски.

 

Поврзани содржини