„МАМАС“ НА ЗАЕВ ЛАПНАЛА ЕВРОПСКИ ГРАНТ ОД 1,4 МИЛИОН ЕВРА Николовски му вратил услуга на експремиерот за отпишаното жито, ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

По отписот на 2.000 тони жито од стоковите резерви во вредност од 800.000 евра, кое е подарок од Заев и Филипче кон Љупчо Николовски, следната година, тој му возвраќа на Заев со грант за фирмата „Тргопродукт“, а во тоа време овој грант од 1,4 милион евра, бил втор најголем грант во историјата на ИПАРД програмата, рече Манасиевски.

0

 

Дали Зоран Заев и Љупчо Николовски склучувале договори во 4 очи за местење на тендери, праша денеска Валентин Манасиевски од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.






– Кога се спомнува зборот корупција, првата асоцијација се СДСМ, Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски. Власта на Заев, Филипче и на Николовски меѓу јавноста е позната како најкорумпираната и најкриминалната власт во историјата на Македонија. Љупчо Николовски своевремено, освен министер за земјоделие, беше и вицепремиер за борба против корупцијата – рече Манасиевски.

Но, наместо да се бори против истата, тој по насока на неговиот ментор Заев, ја создавал и бил активен чинител на истата, додаде Манасиевски.

– Дека станува збор за корупција, додава тој, се јавува фактот што по отписот на 2.000 тони жито од стоковите резерви на државата во вредност близу 800.000 евра, кое е подарок од Заев и Филипче кон Љупчо Николовски, веќе следната година, тој му возвраќа на Заев со грант од Агенцијата за ИПАРД во вредност од 1,4 милион евра. Добитник на овој европски грант е фирмата „Тргопродукт“ на Заеви, односно познатиот бренд „Мамас“. Уште посомнително е тоа што во тоа време, овој грант од 1,4 милион евра, бил втор најголем грант во историјата на ИПАРД програмата – рече Манасиевски.

Ова не е единствен ваков случај, додаде тој, и затоа го повикуваме обвинителството да го истражи ова до крај.

– Сега е шансата на Обвинителството да се покаже, да почне постапка по допрен глас и да ги провери сите овие сомнежи. А додека Филипче ги разрешува сите околу него, освен него самиот, нека одговори до кога ќе ја држи функцијата претседател на СДСМ, само за да му удоволи на Заев и на нивните бизнис интереси – рече Манасиевски.

Поврзани содржини