МАЛОЛЕТНИК УЦЕНУВАЛ БИТОЛЧАНЕЦ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ФОТОГРАФИИ Му се претставил како жена за да го намами
Малолетникот е приведен во полициска станица Битола, а парите се пронајдени кај него, соопшти полицијата.
Полицијата приведе 16-годишен малолетник кој уценувал 34-годишен маж во Битола.
„Денеска (15.5.2025) полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во координација со Основното јавно обвинителство Битола лишија од слобода 16-годишник од село Бистрица, битолско. Тој во повеќе наврати уценувал 34-годишен маж од Битола, заканувајќи му се дека доколку не му даде пари ќе објави експлицитни фотографии што ги добил од оштетениот, откако во комуникацијата преку социјална мрежа се претставувал со лажен женски идентитет“, соопшти оолицијата.
Малолетникот е приведен во полициска станица Битола, а парите се пронајдени кај него, се додава во соопштението.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.