МАЛОЛЕТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЗАГРЕБ Деца нашле муниција и ја загревале со запалка
Во експлозијата еден од малолетниците е тешко повреден и пренесен во загрепската клиничка болница, соопштија од полициската управа во Загреб.
Еден малолетник е тешко повреден во инцидент во Загреб кога експлодирала запалена муниција.
Хрватските медиуми информираат дека малолетници нашле муниција во куќа во областа Дубрава во Загреб, почнале да ја загреваат со запалка и предизвикале експлозија, информираат хрватските медиуми.
Во експлозијата еден од малолетниците е тешко повреден и пренесен во загрепската клиничка болница, соопштија од полициската управа во Загреб.