МАЛОЛЕТНИК СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ ПРЕГАЗИ ЖЕНА ВО ТЕТОВО Поради сериозноста на повредите била префрлена на скопските клиники
Малолетник на 16-годишна возраст од селото Лисец, управувајќи електричен тротинет на улицата Илинденска во Тетово, удрил во 32-годишната И.Ѓ. од село Непроштено.
По несреќата, И.Ѓ. е пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од каде поради сериозноста на здобиените повреди, е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Настанот се случил во петокот изутрината. На местото на несреќата е извршен увид од екипа на СВР Тетово, по што треба да следува соодветен поднесок, информира МВР во билтенот.