Малолетник од Штип си прибрал дома мигрант од Мароко

Како што е наведено во полицискиот билтен, на 4 јуни годинава малолетникот го забележал мигрантот пред продавница во селото Лакавица, па го повикал во својот дом, каде што престојувач четири дена.

667

Вчера во 17.30 часот пред Трговскиот центар во Штип, полицијата привела 17-годишник од штипското село Лакавица, како и 27-годишник од Мароко, за кого било констатирано дека е мигрант, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што е наведено во полицискиот билтен, на 4 јуни годинава малолетникот го забележал мигрантот пред продавница во селото Лакавица, па го повикал во својот дом, каде што престојувач четири дена.






„За настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока А.Т. бил сместен во Прифатен центар за понатамошна постапка. По целосно докумнетирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, наведено е во билтенот на МВР.

Поврзани содржини