МАЛОЛЕТНИК ФАТЕН КАКО ВОЗИ, ПА СЛЕДЕЛ НАПАД НА ПОЛИЦАЕЦ Татко и син завршија во станица во тетовско

Инцидентот се случил откако полицаецот го затекнал малолетникот како управува возило марка „Сеат Ибица“ со тетовски регистарски таблички, по што веднаш го исклучил од сообраќај.

668

Тетовската полиција вчера во 19 часот уапсила 41-годишен жител на селото Пирок и неговиот малолетен син откако физички нападнале полициски службеник кој вршел службени дејствија, информираат од СВР Тетово.

„Полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода И.С. (41) од село Пирок и неговиот 15-годишен син поради физички напад врз полициски службеник“, велат од полицијата.






Инцидентот се случил откако полицаецот го затекнал малолетникот како управува возило марка „Сеат Ибица“ со тетовски регистарски таблички, по што веднаш го исклучил од сообраќај.

И таткото и синот се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, додаваат од СВР Тетово.

Поврзани содржини