МАЛОЛЕТНИК Е ТЕШКО ПОВРЕДЕН Го удрил „фолксваген“ додека возел велосипед

742

Во Полициската станица Неготино вчера околу 10 часот било пријавено дека на крстосницата од улиците Едвард Кардељ и Енгелсова во градот, патничко возило „фолксваген шаран“ со неготински регистарски ознаки, управувано од З.С.(47) од Неготино, удрило во велосипед управуван од малолетник.

„Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Неготино“, велат од МВР.






Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Поврзани содржини