МАЛОЛЕТНИК БОДЕЛ СО НОЖ, ЖЕНА ИСТЕПАЛА ВРАБОТЕНА ВО ПАЈАК СЛУЖБА Билтенот на МВР врие од насилство

Малолетникот кој на паркинг во населбата Чаир повредил друг малолетник со остар предмет ќе одговора за обид за убиство.

704

СВР Скопје денеска поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид”. На 27.12.2023 на паркинг простор на подрачје на Чаир, пријавениот со остар предмет нанел тешка телесна повреда на друг малолетник, информира МВР во дневниот билтен.

Вработена во Јавно претпријатие „Куманово паркинг”В.И.(30), денеска околу 4.00 часот изутрина пријавила дека на работното место во депо на „пајак” службата била физички нападната од едно женско лице.






А.Д.Ј.(48) од Скопје вчера пријавила во СВР Скопје дека околу 12.30 часот на подрачјето на Центар нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.

Вчера околу 15.00 часот на пазар на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, дошло до физичка пресметка помеѓу Р.С.(60) од една страна и С.А.(52) и А.Р.(53), од друга страна, сите од Скопје.

На 28.02.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје, С.О.(51) од Скопје пријавил дека на 27.02.2024 околу 20.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од К.К., И.Н. и уште едно лице.

На 28.02.2024 во 15.52 часот во СВР Скопје, Ш.Љ.(41) од Скопје пријавил дека во средно училиште на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

 

Поврзани содржини