МАЛОЛЕТНИЦИ ДИВЕАТ НИЗ СКОПЈЕ Двајца фатени во кражба, други пријавени за насилство
Малолетник на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неколку малолетници, случајот е пријавен во полиција.
Двајца малолетници се приведени откако се обиделе да одземат метална ограда од фабрика во Ѓорче Петров и притоа физички нападнале вработен во фабриката. На подрачјето на Аеродром пак, вчера е пријавен случај на малолетничко насилство.
„На 24.03.2024 во 15.20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, поради тоа што околу 13.40 часот во фабрика на подрачјето на Ѓорче Петров, се обиделе да одземат една метална демонтирана ограда, а притоа еден од малолетниците со тврд предмет нападнал еден вработен во фабриката. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.03.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје Ј.К.(46) од Скопје, пријавил дека на 23.03.2024 околу 23.00 часот неговиот малолетен син на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – стои во известувањето од МВР.